Општи услови на патување
1. Содржина на аранжманот
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според дадената
програма, освен во случај на елементарни непогоди и др.
2. Пријава и уплата
При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а
остатокот по потврдувањето на резервацијата.
3. Цена на аранжманот
Цените се дадени во Евра со обврска на плаќање во денарска против вредност според
пазарниот курс. Со секои барања за дополнителни услуги се подразбира и дополнително
плаќање. Организаторот го задпжува правото на промена на цената на аранжманот во
случај на промена на хотелските, превозните и др. услуги.
4. Право на патникот за откажување на патувањето
Патникот може да го откаже патувањето, а со тоа организаторот има право за пресметка
на откажаниот аранжман според следново:
- за отказ од 20 - 15 дена пред патување 10 %
- за отказ од 14 - 7 дена пред патување 30 %
- за отказ еден ден пред тргнување 50 %
5. Обврски и права на организаторот на патувањето
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и да се грижи за
интересите на патниците согласно професионалните принципи на туризмот.
Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во
аранжманот освен во случај предизвикани од виша сила.
6. Обврски и права на патникот
Патникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични
средства и личен багаж за сето време на патувањето и да се придржува кон куќниот ред
на хотелските објекти во местото во кое престојува како и да соработува со
представникот на организаторот.
7. Превоз
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација. При патување
со авионски превоз патникот да се јави на аеродромот на местото за чекинг и предавање
на багажот час и половина пред полетувањето.
При патување со автобус да поседува важечка резервација и да го почитува редот во
возилото во взаемен интерес со другите патници и персоналот.
8. Решавање на приговори
Во случај на непотполно или неквалитетно извпшување на услугите, патникот има право
на соодветно обештетување исклучиво доколку приложи писмен приговор до
организаторот.
Секој патник има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга.
Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе
носители на договори врз основа на еден приговор.
9. Надлежност на судот
Во согласност со точка 8. од овие услови, купувачот на услугите од одредената програма
има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е
задоволен со решението на организаторот има право да побара дополнително мислење
од страна на АТАМ или од страна на надлежниот Суд во Тетово.