Travel Agency ● Tour Operator

ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА - СО АВТОБУС


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила, град кој фасцинира. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие-улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија


Цена: 99 еур / 6.120 мк

4 ДЕНА 2 НОЌИ


Ден 1
29.12.2017 (Петок)

Поаѓање во 16:30 часот од автобуска станица на перонот за меѓународни поаѓања. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи за одмор.

Ден 2
30.12.2017 (Сабота)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Слободно време за прошетка и шопинг во еден од  трговските центри во близина, Хисториа. Сместување во хотел. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич.  Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим или посета на трговскиот центар Џевахир. Враќање во хотел.Ноќевање.

Ден 3
31.12.2017 (Недела)

Појадок. По појадокот, факултативно организиран панорамски разглед на градот со стручен водич: Лалели Џамија, Јени Џамија, Бејазит Кула, Златен Рог, Валенсов Аквадукт, Таксим, Сулејманија, Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. ФАКУЛТАТИВНО â€“ ДОЧЕК НА НОВА 2018 во национален ресторан со свечена вечера, неограничен пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или дочек на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Ноќевање.

Ден 4
01.01.2018 (Понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел  до 12:00. Факултативна посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел. Поаѓање за Скопје со попатна посета на трговскиот центар Форум со можност за индивидуална посета на Аквариумот. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.


Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација и водство на патувањето
     

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Дочек на Новата Година во национален ресторан со ориентална програма
  • Целдневен разглед на градот (15 еур со превоз и водич)
  • Крстарење по Босфор (15 еур со превоз и водич)
  • Посета на Палатата Долма Бахче (30 еур со вклучена влезница, превоз и водич)
  • Посета на највисоката зграда во Европа Сафир Сеир терасата 10 еур
  • Влезница за Сеир терасата и 4Д кино
  • Влезници за посета на локалитетите со водич: Аја Софија (15 еур) и Топ Капи (15 еур)
  • Патничко и здравствено одигурување 185 мкд

Важна напомена

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 120 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за пријавување 15.12.2017
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување